Македонски автобус изгоре во Грција, нема повредени

Автобус на македонска туристичка агенција се запалил на патот кон Халкидики. 25.06.2017

Автобус на македонска туристичка агенција претпладнево се запали во Грција на пат кон Халкидики, при што нема повредени патници, јавуваат грчките медиуми, наведувајќи дека патниците безбедно го напуштиле авотбусот пред целосно да изгори. Засега не е позната причината за пожарот кој го гаснеле 15 пожарникари со пет противпожарни возила.