Алаѓозовски - Рефасадирање на „Скопје 2014“ не е приоритет

Илустрација - Проектот „Скопје 2014“

Министерството за култура ќе направи меѓународен конкурс за долгорочни решенија како да се однесува кон проектот „Скопје 2014“, а Владата нема да врши активности за рефасадирање или разместување на спомениците или други објекти, изјави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски, додавајќи оти тоа не е проиритет во услови на очајна финасиска кондиција.

„Ќе напрвиме ревизија во која на граѓаните ќе им дадеме увид во состојбите во тоа која е цената на чинењето на овој проект, кои се техничките карактериситики, колку е квалитетен материјалот што е вграден и која е цената на одржливот на сите овие објекти, изјави Алаѓозовски во Охрид.