Силно обезбедување на маршот на ЛГБТИ заедницата во Белград

Белград - Марш на ЛГБТИ заедницата. 24.06.2017.

Десетици српски припадници и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата денеска се собраа во српскиот главен град Белград, под силна полициска заштита. Тие маршираа во центарот на градот, носејќи транспаренти на кои беше напишано: „Ние сакаме живот достоен за луѓето“, или „за поддршката се работи.“

Активистите го поздравија изборот на правата премиерка, која отворено зборува дека е геј, како историски за конзервативната балканска земја, каде хопмосексуалците се соочуваат со притисок и насилство од екстремистички групи. Во меѓувреме српскиот Паралмент се состана да ја започне потребната постапка за изборот на Ана Брнабиќ за нова премиерка.