Албанија утре гласа на парламентарни избори

Архива - Избори во Албанија.

Во пресрет на утрешните парламентарни избори денеска е предизборен молк во Албанија. Скоро три ипол милиони луѓе со право на глас, според Централната изборна комисија (ЦИК), ќе гласаат за избор на новиот состав на Парламентот, а главната битка ќе ја водат трите најголеми политички партии: Социјалистичката, Демократската и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), кои синоќа ги одржаа завршните изборни митинзи.