Редици автомобили на граничниот премин „Богородица“

Возила чекаат на граничниот премин „Богородица.“ 24.06.2017

Колони возила главно со македоснки и српски регистарски таблички се формирани на граничниот премин „Богородица“, каде за влез во Грција се чека и по неколку часа. Проценките на македонските погранични служби се дека за влез во Грција чекаат меѓу 10 и 15 илјади луѓе, наведувајќи оти поради продолжениот викенд и годишните одмори приливот на луѓе и возила е преголем. Тие очекуваат состојбата да се нормализира во текот на попладневите часови. АМСМ информираше за зголемен интензитет на сообраќај на патиштата и препорачува вниметелно возење.