Десетици затрупани во свлечиште во југозападна Кина

Архива - Кинески спасувачи во потрага по жртви на лизгање на земјиште во провинцијата Јинан. 04.10.2012

За повеќе од 140 луѓе се стравува дека се затрупани, откако рано денеска свлечиште го погодило нивното село во кинеската југозападна провнинција Сичуан, велат официјални лица.

Околу 40 домови во селото Ксинмо биле зафатени, откако пропаднал дел од планина блокираќи дел од река од два километри, соопшти рано утринава канцеларијата на владата на Маоксијан.

Во тек се напори за пребарување и спасување во кои се вклучени повеќе од 400 работници, но државната радиотелевизија CCTV до пладне објави дека единствено се спасени еден брачен пар и нивното двомесечно бебе.

Властите велат дека целоснатра големина на свлечилиштето се уште не е јасна. Во извештај на државната новинска агенција Ксинхуа се вели дека колабирал „дел од планина“ во тибетската автономна префактура Аба.

Свлечиштата се честа опасност во руралните и планинските делови на Кина, особено во време на поројните дождови.