Расте бројот на жртви во бомбашкиот напад во Пакистан

Во експлозија на автомобил бомба во близина на канцеларијата на покраински шеф на полицијата во југозападен Пакистан загинале најмалку 35 лица, а околу 100 биле повредени. Нападот во Куета се слушнал низ целиот град, при што биле искршени прозорците на околните згради. Меѓу жртвите има полицајци, а неколкумина од повредените се безбедносни лица. Според полицијата, бомбата била подметната на возило во движење . Иако се уште се истражува кој стои зад нападите, сунитските милитантни групи ја презедоа одговорноста за бројни слични напади врз пакистанското шиитско малцинство во минатото.