Арапските земји со конкретни барања до Катар

Доха, главниот град на Катар, јуни 2017.

Четири арапски земји предводени од Саудиска Арабија издадоа список на барања за завршување на нивниот бојкот против Катар. Меѓу другото од таа земја се бара да ја затвори телевизиската мрежа Ал Џезира и да ги прекине односите со Иран. Катар има рок од десет дена да ги исполни барањата. Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар овој месец обвинувајќи го за финансирање на тероризам.