Собранието избра 15 заменици-министри

Собранието попладнево избра 15 заменици-министри во Владата. За изборот на замениците гласаа 62 пратеници, пет беа против, додека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ воопшто не гласаа. Тие пред гласањето ја напуштија седницата, велејќи дека оваа влада е вештачки составена и без изборна победа.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваа изборот за заменици -министри, иамше забелеши и на тоа колку новата влада почнала да исполнува она што ветувала пред избори,

Пратеникот од ДУИ Џеват Адеми обраќајки им се на пратениците од опозицијата рече дека не мора да ги гласаат, но да не ги потценуваат кандидатите за заменици-министри.

Премиерот Зоран Заев пред пратениците претставувајќи ја листата на кандидати, посочи дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари. Премиерот реплицираше на речиси секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.