Заев очекува договорот со Бугарија да биде потпишан на три јазици

Прес-конференција на премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев по нивната средба во Софија.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии англиски, македонски и бугарски. Според него, тоа би било важна работа за Македонија, бидејќи ќе значи и признавање на јазикот.

Тој на денешната седница на Парламентот одговарајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот им оти се повредуваат македонските национални и државни интереси посочи и дека Бугарија е првата земја што ја признала Македонија под уставото име. Бугарија преку договорот, како што наведе Заев, сака искрено да ги тргне тегобите коишто постоеле меѓу двете соседни земји за да ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ.