Порошенко среќен од единството на ЕУ со Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск разговарал за ЕУ и санкциите на САД поврзани со конфликтот во источна Украина и руската анексија на полуостровот Крим.

Тој порача дека е среќен од единството и солидарноста на ЕУ со Украина, што е од витално значење за неговата земја. ЕУ ја продолжи забраната за инвестирање во Крим на уште една година, додека САД најавија нови финансиски мерки против проруските бунтовници инволвирани во конфликтот во источна Украина.