Самит на ЕУ, во фокусот Брегзит

Британскиот премиер Тереза Меј

Лидерите на ЕУ денеска се собраа во Брисел на дводневен самит на кој високо на агендата ќе биде Брегзит. Британскиот премиер Тереза Меј денеска попладне се очекува да понуди договор за престој на граѓаните на земјите членки на ЕУ, како и права на вработување во земјата.

Преговарачите на Британија и на ЕУ официјално ги започнаа преговорите за Брегзит во оваа недела. Земјата се очекува да ја напушти ЕУ во март, 2019 година. Меј ќе се сретне со претседателот на ЕП, Доналд Туск, кој изјави дека се уште се надева оти процесот за излез на Британија од ЕУ ќе биде прекинат.