Собранието расправа за предложените заменици министри

Седница на Собранието на РМ.

Собранието денеска на продолжението на петтата седница ја почна расправата за избор на заменици министри во Владата. Премиерот Зоран Заев пред пратениците ја соопшти листата со кандидати за заменици министри, посочувајќи оти станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари.

Предложените кандидати, како што посочи, ја знаат својата одговорност, дека ќе добијат задача да ја извршуваат одговорно функцијата раководејќи се од Уставот и законите и од оштиот интерес за подобрување на животот на граѓаните.