Белгиското МВР оцени дека бил спречен сериозен напад во Брисел

Експлозија на железничката станица во Брисел.

Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон изјави дека било спречено спроведувањето на сериозен напад откако бомбаш самоубиец кој планирал да детонира голема бомба предизвика само мала експлозија на железничка станица во Брисел. По експлозијата, војската според него, веднаш реагирала и напаѓачот бил убиен.

Обвинителството соопшти дека се работи за терористички напад. Белгиските медиуми јавија дека напаѓачот бил 37 годишен маж од населбата Моленбек во Брисел.