Трамп: кинескиот притисок врз Северна Кореа не успеа

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не успеале кинеските обиди да се влијае врз Северна Кореа. Тој на Твитер напиша дека многу ги цени напорите на кинескиот претседател Си Џинпинг околу Северна Кореа, но оти тоа не успеало. „Барем знам дека Кина се обиде“, заклучува Трамп во твитот до кој дојде ден откако почина американскиот студент Ото Вормбир кој во состојба на бесознание бил вратен од Северна Кореа во САД.