Убиен осомничениот за експлозијата на железничката станица во Брисел

Белгијска војска на Централната железничка станица во Брисел, 20.06.2017.

Белгијската војска го убила осомничениот бомбаш по малата експлозија на Централната железничка станица во Брисел при што немало повредени, јавуваат новинските агенции. Белгиското обвинителство соопшти дека осомничнеиот носел ранец и појас со експлозив. Белгија е во состојба на висок степен на тревога откако на 22 март минатата година бомбаши самоубијци убиле 32 лица во брислескиот аеродром и метрото.