Санкции на САД против лица вклучени во украинскиот конфликт

комбинирана фотографија од претседателите на Украина и САД Петро Порошенко и Доналд Трамп.

Министерството за финансии на САД воведе нови санкции против повеќе од триесет борци, лидери и сојузници на украинските сепартисти поддржани од Русија во тригодишниот конфликт во источна Украина. Денешното објавување на ваквата одлука доаѓа откако украинскиот претседател Петро Порошенко пристигна во Белата куќа на средба со претседателот Доналд Трамп, што е нивни прв состанок лице в лице.

Во санкциите се вклучени високи сепаратистички лидери на самопрогласените „Народни Републики“ Доњецк и Луганск, но исто така и Дмитриј Уткин -основач на приватна воена компанија која регрутира војници да се борат заедно со сепаратистите.