Референдум во Дојран на 23 јули за или против отворање рудници

Илустрација - крајбрежје во Дојран.

Советот на Општина Дојран одлучи референдум да се одржи на 23 јули, кога жителите ќе се изјаснат дали се за или против отворање на рудници на територијата на општината. Советниците се со став тоа да биде единствено референдумско прашање, бидејќи според нив тоа е сеопфатно и нема потреба да се изјаснуваат за стопирање на рудникот „Казандол“ во соседната општина Вландово.

Референдумот во Дојран требаше да се одржи на 18 јуни, но одлуката на Советот за негово спроведување не ја потпиша градоначалникот Борче Стамов затоа што во тој момент не му бил продолжен мандатот.