Порошенко на средба со Трамп во Вашингтон

Украинскиот претседател Петро Порошенко и американскиот претседател Доналд Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, што од страна на Киев се гледа како на клучен настан за развој на односите меѓу двете земји.

Средбата на Порошенко со Трамп доаѓа во услови кога американскиот претседател се очекува да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г-20 во јули во Хамбург, Германија. Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека е многу важно што Порошенко пред Путин ќе разговара со Трамп во Белата куќа.