Хендс: Во зградата што изгоре се користеле недозволени материјали

Британскиот министер за трговија Грег Хендс изјави дека надворешната облога на фасадата на лондонската висококатница која изгоре во пожарот најверојатно не била во согласност со градежните прописи.

„Според моето сфаќање облогата за која се говори не била во согласност со прописите. Мора точно да дознаеме која облога е ставена и користена, “ изјави Хендс за Скајнјуз.

Експертите наведуваат дека таа облога и нејзиниот термо-изолационен материјал се најверојатно причина за брзото ширење на огнот по надворешноста на зградата и блокирањето на помошните врати во случај на пожар. Пожарот во Гренфил зградата со 120 социјални станови и околу 600 станари во луксузниот кварт Кенсингтон-Челзи изби во среда, а во него загинаа најмалку 58 лица. Британската влада се обидува да најде привремено решение за сите кои останаа без своите домови.