Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман на дуелот со Чешка

Репрезентациите на Црна Гора, Норвешка, Словенија и на Австрија обезбедија пласман на Европското ракометно првенство во Хрватска по освоените бодови во дуелите со директните ривали во натпреварите од последното коло од квалификациите. Црна Гора одигра нерешено со Русија на гости - 27:27, светскиот вицепрвак Норвешка ја победи Литванија со 30:20, Австрија беше поуспешна дома од Босна и Херцеговина со 34:32, додека Словенија ја победи Португалија со 28:18.Пласман на ЕП досега имаат обезбедено: Данска, Унгарија (група 1), Белрусија, Србија (група 2), Шпанија, Австрија (група 3), Германија, Словенија (група 5), Шведска, Црна Гора (група 6), Франција и Норвешка (група 7). Единствено во група 4 каде игра Македонија се отворени двете места и последното место ќе го пополни најдобро трето рангирана селекција.

Во составот на македонската ракометна репрезентација за вечерашниот дуел со Чешка ќе биде и Ацо Јоноски, кој доби повик од селекторот Раул Гонзалез. Јоноски се враќа во таборот на „црвено-жолтите“ на местото на Мартин Велковски кој беше меѓу избраниците на селекторот Раул Гонзаес на гостувањето во Украина. Промена има и на голманската позиција па место Златко Даскаловски, пријавен за денешниот дуел е Никола Митревски.