Земјотрес и поплави на Гренланд

Земјотрес со јачина од 4 степени го погоди подрачјето на Гренланд, соопштија локалната полиција и медиуми.Како што јавуваат агенциите, властите му помагаат на локалното население. Земјотресот се случил на околу 30 километри северно од островот Нугатсијаг, на место кое е дом на околу 100 луѓе. Јавниот радиодифузен сервис на Гренланд соопшти дека 39 луѓе биле евакуирани од погоденото подрачје. Во близина на други населени места по должината на брегот биле забележани и поплави.