Сириската Армија објави 48 часовен прекин на огнот

Сириската армија соопшти дека привремено ги прекинува воените операции против бунтовниците во јужниот град Дара,местото на жестоки борби во последниве недели.Командата на Армијата информира дека нејзините сили ќе ги прекинат борбените операции во градот за 48 часа, со почеток од денес на пладне.

"Ова се случува со цел да ги поддржиме напорите за национално помирување", додаде командата без да елаборира.

Сириската опсерваторија за човекови права, групата за мониторинг, соопшти дека е прилично мирно во градот, откако прекинот на огнот стапи во сила.