ОН: Нова рунда разговори за Сирија во јули

Специјалниот посредник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура, сака да почне нова рунда на разговори помеѓу сириските фракции на 10 јули, соопштија од неговата канцеларија. Од продолжувањето на преговорите минатата година, се одржаа повеќе рунди со посредство на ОН помеѓу претставници на сириските бунтовници или владата на Башар ал-Асад, но сите тие резултираа со слаб напредок.