Саудиска Арабија не дозволи турски воени бази на нејзино тло

Саудиска Арабија соопшти дека дека нема да и дозволи на Турција да воспостави воени бази на нејзина територија и ја одби понудата од Анкара.

"Кралството не може да и дозволи на Турција да воспостави воени бази на својата земја. На кралството не му треба ова. Нејзините вооружени сили и воени способности се на најдобро ниво ", изјавил неименуван саудиски претставник, а пренесе државната новинска агенција на Кралството.

Изјавата доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше цитиран во интервју за португалско радио во кое му нуди на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд да постави турска воена база во кралството.