В понеделник старт на преговорите за Брегзит

Британскиот министер задолжен за излегувањето на неговата земја од ЕУ Дејвид Дејвис

Британскиот министер задолжен за излегувањето на неговата земја од ЕУ Дејвид Дејвис и преговарачкиот тим на Унијата соопштија дека ќе ги почнат преговорите за Брегзитот на 19 јуни. Се очекуваше преговорите да почнат во идната недела, но премиерката Тереза Меј која го загуби парламентарното мнозинство на вонредните избори пред една недела изрази сомневање во врска со очекуваниот датум. Сепак, вчера беше издадено соопштение дека овие преговори почнуваат според предвиденото.