Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот нестабилно со дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 30 степени.