Седум загинати во експлозија во близина на градинка во Кина

провинцијата Џијангсу на истокот на Кина

Седум луѓе загинаа во експлозија во близина на градинка во провинцијата Џијангсу на истокот на Кина, соопшти полицијата. Во експлозијата биле ранети 59 луѓе, од кои деветмина сериозно.

Сè уште е непозната причината за експлозијата.

Дел од медиумите јавија дека експлозијата се случила во близина на влезот на градинката во моментите кога децата ја напуштале во попладневните часови.