Опозицијата во Турција протестира за затворениот пратеник

Лидерот на секуларната Народнорепубликанската партија, Кемал Калачдароглу, на протестот во Анкара, 15, јуни, 2017

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците во Анкара на протест против затворањето на пратеник од главната опозициска партија во Турција. Демонстрантите бараат правда за уапсениот пратеник. Во меѓувреме, лидерот на секуларната Народнорепубликанската партија, Кемал Калачдароглу, започна поход од Анкара до Истанбул. Тој планира да маршира 425 километарски до затворот во Истанбул, каде е затворен пратеникот Енис Бербероглу. Тој е осуден на 25 години затвор, затоа што предал државни тајни на еден весник.

„Турција е подготвена да ја плати неопходната цена за да постигне правда во државата“, изјави Калачдароглу при почетокот на Походот на правдата.