Тилерсон бара флексибилност пред гласањето за санкции кон Русија

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, ги повика пратениците да не ја ограничуваат способноста на Белата куќа да преговара со Русија. Тој денеска сведочи пред комитетот за надворешни работи во Сенатот, во време кога Конгресот е поблиску до потврдување на постојните и воведување нови санкции против Москва, поради нејзината улога во Украина.

Постоечките санкции ќе се преточат во закон, со што ќе се отежни процедурата за претседателот Доналд Трамп, доколку сака да ги укине еднострано.

Тилерсон пред парламентарниот комитет рече дека Русија треба да сноси одговорност за наводната вмешаност во кампањата за минатогодишните претседателски избори. Сепак, вели тој, треба да му се дозволи флексибилност на претседателот да ги прилагоди санкциите за да се задоволат потребите како ќе се развива дипломатската ситуација.

Кремљ се закани дека ќе одговори на санкциите.