Манчевски - Јавната администрација е силно политизирана

Архива - Дамјан Манчевски.

Неопходна е итна реформа во јавната администрација која се соочува со превработенсот, нема доволно стручен кадар, а институциите имаат несоодветна екипираност особено со ИТ кадар, се главните заклучоци на првата од серијата дебати оргнизирана од Министерството за информатичко општество и администрација со граѓанскиот сектор на тема „Реформа на администрацијата.“

Министерот за ин форматичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека јавната администрација во Македонија е силно политизирана и оти реформите кои траат од 1999 година не резултирале со ефикасност. Тој истакна дека мора да биде дефиниран краен рок и да се усвои стратегија за реформа во јавната администрација која ќе овозможи влез на стручен кадар.

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски истакна дека некаде има превработеност, а некаде недоволна врботеност поради што е неопходна координација и трансформација со преземање вработени од една институција во друга.