Коѕиас: Нема да има посреќен човек од мене ако се реши името

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Нема да има посреќен човек од мене ако се реши спорот за името, изјави грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас денес во Атина на прес конференцијата по средбата со црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ. Коѕиас посочи дека кај новата македонска влада гледа волја да се стави крај на иредентистичката политика.

Грчкиот министер смета дека на утрешната средба нема да се зборува за спорот за името бидејќи е прва средба за запознавање со Димитров. Оцени дека со Димитров ќе се фокусираат на начинот на кој би продолжиле разговорите за развивање на билатералните врски и грчките идеи за нови мерки за градење доверба.