Весникот „Дневник“ од утре нема да се печати

Илустративна фотографија.

Весникот „Дневник“ од утре нема да се печати, откако на вработените денеска им било соопштено да одат на принуден одмор и оти фирмата ќе биде згасната од деловни причини, објавуваат вработените на социјалните мрежи додавајќи дека фирмата останува обврзана да им ги исплати заостанатите плати за април и мај.

„Дневник“ е првиот дневен весник по воспоставувањето на плурализмот во Македонија, а првиот број излезе пред повеќе дваесет години, на 20 март 1996 година.