Заев најави нова енергија во односите со ЕУ по средбата со Могерини

Премиерот Зоран Заев и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел оствари средба со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини.

„Нова енергија во односите меѓу Македонија и ЕУ“, напиша Заев на Фејсбук по средбата со Могерини.

Заев подоцна ќе се сретне и со еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг. Во делегација на Владата на Македонија, која е предводена од премиерот Зоран Заев се и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.