ЕП утре ќе го разгледува извештајот за напредокот на Македонија

Европскиот парламент утре ќе ги разгледува извештаите за напредокот на Македонија, Србија и Косово на патот кон Европската унија. Во нацрт-резолуцијата за Македонија се посочува дека земјата треба да го продолжи патот кон ЕУ и да преземе решителни реформи во сферите на владеењето на правото, правосудството, корупцијата, човековите права, внатрешните работи и добрососедските односи.

Европратениците в среда ќе гласаат за одделни резолуции за напредокот на Србија и на Косово, како и за ситуацијата во Македонија.