Избори во Франција- првиот круг навестува голема победа на партијата на Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на вчерашните избори

Конечните резултати од првиот круг на парламентарните избори во Франција укажуваат дека центристичката партија на претседателот на државата Емануел Макрон ќе освои големо мнозинство во Националното Собрание. Според официјалните резултати од речиси сите гласачки места, партијата на Макрон, Република во движење освоила 28 насто од гласовите на изборите со историски слаб одзив од под 49 насто. Заедно со партнерите, партијата има 32,3 проценти.

Конзервативните Републиканци освоиле 16 насто, а екстремно десниот Национален Фронт има 14 проценти.

Според анкетите, се очекува партијата на Макрон заедно со сојузниците да освојат меѓу 390 и 455 места во 577-члениот парламент.