Трамп и Макрон изразија поддршка за Меј

Британската премиерка Тереза Меј

Претседателот на САД, Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Maкрон и изразија поддршка на британската премиерка Тереза Меј во нејзината борба да формира нова влада. Нивните повици покажуваат дека Вашингтон и Париз се за одржување на врските што ги развиле со Меј, и покрај притисокот од опозициски групи во Велика Британија кои бараат таа да се повлече откако нејзината конзервативна партија го загуби мнозинството во парламентот на предвремените избори. Меј изјави дека ќе се обиде да формира малцинска влада. Трамп во повикот ја истакна неговата посветеност на "специјалните односи" меѓу САД и Велика Британија и кажа дека одвај чека да работи со Меј "на заедничките цели и интереси во годините што доаѓаат", соопшти Белата куќа. Меј беше првиот странски лидер кој го посети Трамп во Белата куќа, а Стејт департментот на САД ја нарече "верен сојузник".