„Спас за Валандово“ бара референдум за рудници

Илустративна фотографија: Рудар

Со 2.213 собрани потписи од граѓаните на општина Валандово, иницијативата „Спас за Валандово“ денеска поднесе предлог барање до Советот на општина Валандово да донесе одлука за распишување референдум на локално ниво на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се воопшто „за“ или „против“ за изградба на рудници за металични суровини на територијата на општина Валандово.

Согласно законските рокови и Статутот на општината, активистите на иницијативата бараат референдумот да се одржи на 9 јули, а општинскиот Совет по нивното барање да се произнесе не подоцна од понеделник, 12 јуни. Доколку тоа не се случи, најавуваат дека од од 13 јуни ќе организираат секојдневни протести и блокади на раскрницата Валандово - Пирава – Марвинци.