Времето денеска сончево и потопло

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура се движи од 8 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени.

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. В недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни на југозапад каде што ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу 5 степени. Од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура.