За Министерството скриениот долг се уште скриен

Министерство за финансии,

Министерството за финансии нема точен податок за скриениот долг и во моментов работиме на утврдување на точната сума на доспеани, а ненаплатени обврски, рече денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Тој рече дека податокот дека државата има над една милијарда евра скриен долг, што го соопшти премиерот Зоран Заев, е од стопанските комори.

Тевдовски вели дека една од првите работи што ги направил како министер е одблокирањето на повратот на ДДВ и оти само во првата недела од неговиот мандат се вратени над две милијарди денари по овој основ. Ветува дека веќе нема да има доцнење во повратот на данокот на додадена вредност. Службите во министерството веќе работат на ребалансот на буџетот, соопшти тој.