Германија ќе ги повлече своите војници од Инџирлик

Илустрација-турксата воздушна база Инџирлик

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел одлучи да ги повлече нивните војници од турската воздушна база Инџирлик откако Анкара одби да им дозволи на германските пратеници да ги посетат.
Германските војници и летала,кои се дел од меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, сега ќе бидат преместени во Јордан.

Германија има околу 270 војници стационирани во Инџирлик, база која се наоѓа во близина на турско-сириската граница.Властите во Берлин сметаат дека е клучно пратениците да може да ги посетат своите војници кога ќе сакаат, бидејќи распоредување на нивната војска треба да биде одобрено во парламентот.

Турција го блокираше барањето за посета на Инџирлик во знак на протест против одлуката на германските власти да им дадат азил на војниците и други лица кои Анкара ги сомничи дека учествувале во минатогодишниот неуспешен пуч.Односите меѓу двете земји станаа тензични и по затворањето во Турција на двајца германски новинари.