Претседателот на Собранието Џафери се сретна со холандскиот амбасадор

Архива - Талат Џафери, претседател на Собранието на РМ.

Претседатлот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со холандскиот амбасадор во Македонија Велем Ваутер Пломп. На средбата Пломп ја пренел порака дека холандската Влада и на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу државите, соопшти службата за информирање на Собранието.

Соговорниците размениле мислења за формите за поголема транспарентност и водливост на Собранието, подобро запознавање на граѓаните со неговата работа и била нагласена потреба за поголема вклученост на експерти во работата на собраниските комисии со цел поквалитетни законски решенија.