САД не ја менуваат политика спрема Катар

Во Катар се наоѓа најголемата американска воена база

САД нема да го променат ставот за Катар по одлуката на шест арапски земји да ги прекинат дипломатските односи со таа земја, соопшти американската централна команда. „Авионите на САД ќе ги продолжат мисиите во Авганистан, Ирак и Сирија и покрај тензиите меѓу арапските земји“, рече мајор Адријан Галовеј. Во Катар се наоѓа најголемата американска воена база, од каде што се изведуваат воздушни акции врз позиции на ИД во регионот и во неа се сместени околу 10 илјади американски војници. Бахреин, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Малдиви ги прекинаа односите со Катар поради поддршка на исламскиот тероризам.