МВР со пријави за 9 лица за 3 кривични дела за насилствата во Собранието

Демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ на 27 април во Собранието.

Од МВР денеска соопштија дека до Основното јавно обвинителство поднеле кривична пријава против девет лица, поради основи на сомнение дека сториле насилство кон луѓе и оштетиле имот за време на насилните протести во Собранието на 27 април. Лицата, како што е наведено, се осомничени дека извршиле три кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.