Престрелка во Орландо, повеќе жртви

Припадници на американските безбедносни сили. Архивска фотографија.

Американските власти соопштија дека во престрелка во индустриски регион во Орландо, Флорида загинале повеќе лица. Окружниот шериф на Твитер напиша дека ситуацијата е ставена под контрола. Неколку патишта во Орландо се затворени откако полицијата реагирала по престрелката. Се уште не се знае за колку жртви станува збор и за каков напад се работи. Орландо беше цел на масовен напад на вооружен маж кој уби 49 лица во геј клуб во јуни минатата година.