Германија ќе ги повлекува војниците од Инџирлик

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека неговата земја и натаму ќе им забранува на германските политичари посета на воената база Инџирлик, која е предмет на спор меѓу сојузниците на НАТО и Анкара. Според него, можна е посетата на возената база во Конја, но не и во Инџирлик. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел по средбата со Чавушоглу изјави дека неговата земја нема избор освен да ги повлече своите војници од Инџирлик.

Пред извесно време, Турција им забрани на пратениците од Бундестагот да ги посетат 250-те германски војници кои се наоѓаат во базата. Забраната е воведена делумно како одговор на одлуката на Германија да прифати политички азил на турски воени лица обвинети од Анкара за учество во обидот за преврат во јули 2016 година.