Казиното на Филипините го запалил коцкар, а не терористи

Филипинската полиција соопшти дека човекот што го подметна пожарот во казино во кој загинаа 37 луѓе бил презадолжен коцкар, кој бил отпуштен од работа. Полицијата денеска соопшти дека инцидентот не е терористички напад. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

Напаѓачот е идентификуван како Џеси Карлос, 42-годишен татко на три деца, кој бил отпуштен од Министерството за финансии поради непријавување на имот.

Тој завчера упадна во казино во туристички комплекс во Манила, ги запали коцкарските маси, украде чипови и избега во соседниот хотел каде што се самоубил. Најголем дел загинатите во казиното умреле од задушување со чад.