Ракометарите на Вардар преку Барселона до финалето во Лигата на шампионите

Ракометен клуб Вардар, официјална интернет страница

Ракометарите на Вардар ќе се борат против ПСЖ за шампионскиот трофеј на завршниот „фајнал фор“ турнир од Лигата на шампионите што се одржува во Келн, откако вечерва ја совладаа трофејната Барселона со 26:25.

Триумф и историски пласман за Вардар донесе Лука Циндриќ со голот во последните секунди во драматичната завршница.

Најефикасни во победничкиот состав беа Алекс Душебаев и Иван Чупиќ со по 7 гола, Вуко Боразан постигна 5, а Циндриќ 4. Голманот Арпад Штербик беше одличен на голот со 15 одбрани.

За каталонскиот тим настапија македонските репрезентативци Кире Лазаров, кој беше најефикасен со 6 реализации и голманот Борко Ристовски кој доби шанса да брани само удари од седум метри.

Претходно во првото полуфинале Парис Сен Жермен го совлада унгарски Веспрем со 27:26.

Финалето е закажано за утре од 18 часот, а дуелот за 3 место е во 15 часот и 15 минути.