Габриел предлага дополнителен фонд за Западен Балкан

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел се заложи за воспоставување дополнителен фонд за инфраструктурни проекти на Западен Балкан, истакнувајќи дека Брисел треба повеќе да се ангажира и да инвестира во овој регион. Тој во излагањето на Осмата конференција на министрите за надворешни работи од југоисточна Европа „Аспен Институтот за економски и политички развој на регионот“, исто така, укажа на значењето на засилувањето на регионалната соработка и изрази задоволство од позитивната динамика што ја создаде Берлинскиот процес, додавајќи дека треба да се интензивира.