Вечерва пратениците ќе гласаат за новата Влада

Продолжение на конститутивната седница на деветиот парламентарен состав. Собрание.

Претседателот на Собарнието Талат Џафери поради постот за верскиот празник Рамазан на пратениците им даде пауза од два часа, најавувајќи дека собраниската расправа за избор на новата влада ќе продолжи во 21 часот.

И во попладневниот дел од собраниската расправа за избор на влада продолжија репликите и контрарепликите на пратениците.

Пратениците од новото парламентарно мнозинство велат дека овој состав на Владата има капацитет да го врати животот во земјата, но оти ова ќе биде и битка против криминалната структура ан ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, пак оцени дека е дискутабилна транспарентноста на СДСМ зашто предлог-составот за владата и предлог-програмата биле доставени доцна вечерта во неделата, во еден часот по полноќ, поради што немало доволно време за нивно разгледување, копирани се многу мерки од работењето на досегашната влада, а за повеќето проекти недостигаат конкретни термини и динамика за реализација.

Според СДСМ, пак, понудената програма е сосема поинаква од онаа на ВМРО-ДПМНЕ, а и политиката што ја најави мандатарот ќе значи целосна промена во однос на досегашната практика - општество еднакво за сите, без притисоци, закани и уцени.

Гласањето за кое е неопходно да се изјаснат најмалку 61 пратеник, треба да биде најдоцна до полноќ